СЕ РАСЧИСТУВААТ ОДРОН КАЈ АВТО КАМПОТ “ЕЛЕШЕЦ“ И КОРИТОТО НА РЕКА СУШИЦА

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, една екипа на ЈП “Охридски комуналец“ денес   работи на  расчистување на одрон лоциран над авто- кампот “Елешец”.

Активноста на расчистување, депонирање и транспорт на одронот  се реализира со двајца ракувачи на специјални возила кипер и ровокопач.

Друга екипа  од ова јавно претпријатие пак е ангажирана на расчистување на речното корито на реката Сушица од натрупаниот отпад, пластични отпадоци и шут во близина на ДООЕЛ”Отпад”.

Од “Охридски комуналец“ меѓу другото информираат дека  утрово е евидентиран целосно  изгорен контејнер  во близина на Противпожарната единица. Ова е втор случај на опожарување на  контејнер за период од два дена во Охрид.