УЧИЛИШТАТА И ПОЛИЦИЈАТА ВО ЗАЕДНИЧКА БОРБА ПРОТИВ ДРОГАТА

Претставници од одделението за образование  при општина Охрид  заедно со педагозите, психолозите  и социолозите од  основните училишта во градов,  денес во просториите на општина Охрид  одржа работна  средба со претставници од одделението за превенција при СВР Охрид.

На  работната средба  беше изразено задоволството од добрата соработка помеѓу Локалната самоуправа и  СВР- Охрид  а се разговараше  и за продолжување  на проектот „Образование и полицијата против дрогата“  по што следеше   презентација на училишниот прирачник „Реонскиот полицаец Ве советува“ .

На состанокот  беше  заклучено  дека  постои тенденција на намалување на злоупотребата на дроги и подобрување на безбедноста во општината. Беа договорени едукативни работилници за превенција од дрога што на почетокот на март ќе се реализираат во основните училишта во општина Охрид.

На  работната средба беа договорени  и  активности за полесна комуникација помеѓу реонските полицајци и училиштата и за поголема безбедност на учениците.