ОТВОРЕНО ПИСМО: ПОПИС, МОРА ДА ИМА, ЕГИПКАНИТЕ КЕ ОПСТАНАТ ЕГИПКАНИ И ПОКРАЈ СИЛНИТЕ ПРИТИСОЦИ

Пописот на населението,домакинствата и становите во една држава , преставува најсложена статистичка операција, но за жал, во нашата земја има и тоа како политички рефлексии.

Овој Попис по многу нешта , има суштинско значение за иднината на припадниците на етничката заедница Египкани, како автохтона и автентична етничка заедница, со свои обичаи, култура, традиција, со свои специфичности само за ним карактеристични. Своја основа за слободно изразување на националната припадност, Египканите имаат и во највисокиот правен акт, Уставот на Македонија. Ноторен, загрижувачки факт е,дека немаме соодветна и правична застапеност на Египканите во институциите на системот овие 30 тина години, нема ниту 1 деклариран а вработен Египканец, согласно содржината,духот на Охридскиот Рамковен Договор, и токму таа болна позиционираност, гои сместува Египканите во маргините на образовното, културното, општественото, политичкото, економското и севкупното живеење во Македонија, и тоа дефинитивно мора да се промени.

Крајно неприфатливо и недемократски, а би додал и нечовечки е, Египканите да ги спомнете и барате за време на избори или кога има Попис, а потоа, со невидлива леснотија да заборавете на нив. Токму затоа, најавениот Попис е можност Египканите да се потврдат како Египкани, кои според наши интерни сознанија, нивниот број е приближно околу 30.000 на ниво на Македонија. И, покрај силните , подмолни и деструктивни притисоци што доагаат од одредени центри на политичка и економска мок, Египканите се најсилни, најхрабри, токму кога врз нив се врши -ПРИТИСОК.

За да се овива еден транспарентен Попис, неопходно е да има Египканец/ка како Заменик Претседател на Општински Пописни Комисии, или членови на истите тела, да маме попишувачи -Египкани, со исполнети критериуми, согласно Закон , а се со цел да се прикаже реален, објективен и кредибилен Попис. Дозволете ми, да истакнам, дека крајно непријатно е чуството кога сте оневозможени да ги плодоуживате основните човекови права и слободи, поради една ,,фабричка грешка,, во највисокиот правен акт, а тоа е неспомнување во нејзината Преамбула. Плус тоа, немаме нити формализиран ден посветен на ова етничка заедница, а од друга страна Египканите , демонстрираат крајна лојалност кон државата, конструктивен пристап, демонстрација на толеранција, емпатија, работливост….Токму затоа, познавајки ја генетиката и непокорт на етникумот на кој што припагам-Египканите, силно сум убеден дека Египканите до последен, особено во Охрид, Ресен, Струга, Кичево, Дебар, Битола ке се произнезат како Египкани, бидејки човек без идентитет е ,, човечко битие кој испарува,,а тоа Египканите никогаш ема да го дозволат.ЕГИПКАНЕЦ-КОЛКУ ТОА ГОРДО ЗВУЧИ.

Со почит;

Дипл.правник Демир Далип