На 19,02,2021 година во 02.30 часот, по случена сообраќајна незгода на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.Џ.(32), Љ.Р.(32) и Д.Р.(37), врз Ј.С.(44) и неговата сопруга Ј.С.(43), сите од Охрид, соопшти Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
– Против напаѓачите, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, изјави потпаролот на СВР Охрид.