Деенес здружението на Египќаните од Охрид се потпиша во рамки и даде подршка на граѓанската иницијатива со која меѓу другото се бара имплеметирање на електронски отисок од прст при попишувањето на претстојниот попис како и против нелогичното и никаде во светот не применето решение да се оди со врзан потпис за признавање на резултатите.
Египќаните ќе се попишат на пописот како Египќани, но со овој гест покажуваме дека даваме поддршка за воведување најмодерни технологии при попишувањето и сме против политички решенија со врзани потписи.
Египќаните со децении се мета на разни групи кои се обидуваа да не претопат, но останувам ЕГИПЌАНИ, а бараме само поголема сгурност која ќе спречи малверзации ,стои во објавата на ФБ на Здружението на Египќани Пирамида ЗЕМ од Охрид.