Градежните активности на игралиштето во с. Трпејца кои беа во прекин поради лошите временски услови, денес продолжуваат со засилен интензитет. Игралиштето ќе биде повеќенаменско, целосно ќе биде оградено, опремено со рефлектори и хортикултурно ќе се уреди. Околу игралиштето ќе биде изведена пешачка патека и ќе бидат поставени трибини. Ова игралиште претставува дел од проектот за изградба на повеќенаменски игралишта на повеќе локации во градот и надвор од него. Средствата за изградбата се целосно обезбедени од буџетот на општина Охрид, а градежните зафати во целост ги изведува ЈП „Градски гробишта“.
Иницијативата за изградба на игралиште на оваа локација произлезе од средбата на градоначалникот Бакрачески што ја оствари со претставниците на месната заедница и жителите на Трпејца.