ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ПРОЕКТАНТСКИТЕ БИРОА

Должничко доверителните односи помеѓу планерите   и  приватните инвеститори не смеат да бидат причина за ненавремено носење на Урбанистичките планови, односно Општината како носител на Урбанистичките планови  не смее да биде заложник на  таквата состојба  ,  беше заклучено на работната средба што градоначалникот Никола Бакрачески денес ја оствари со планерите и претставници на Проектантските бироа

На средбата се разговараше и за проблемите   со кои планерите  се соочуваат   при изработка и донесување на урбанистички планови   како и во кој дел, општина Охрид може да влијае за побрзо донесување на  истите.