Таеквондо клубот “HWA RANG ITF” од Лескоец со грст медали од БиХ

Таеквондо клубот “HWA RANG ITF” од Лескоец-Охрид настапи на меѓународниот Таекфвондо ИТФ турнир кој се одржа на 14-15 март 2015 во Прњавор- Босна и Херцеговина. Турнирот е еден од најпрестижните натпреварувања од овој спорт во регионот, а на него учество земаа клубови од повеќе земји : Македонија, БиХ, Србија, Хрватска, Унгарија, Грција, Австрија, Словенија, Бугарија и Италија.
Дека турнирот е навистина силен говори и фактот што е сместен во официјалниот календар на Интернационалната и Европската Таеквондо федерација.
Одличен настап имаше клубот од Лескоец, Охрид – HWA RANG ITF кој на овој турнир настапи со 10 натпреварувачи и освои дури девет медали.

Освојувачи на медали

Дисциплина форми – тул или повеќе познато како „Кати“:
– Климоски Миле- сребрен медал тул 5-6 куп сениори;
-Спироска Емилија- бронзен медал тул 7-8 куп кадети;
-Кузмановски Климент- бронзен медал тул 7-8 кадети.
Дисциплина спаринг:
– Димитриевиќ Божидар- сребрен медал во категорија +45 кг. кадети до 11 години;
– Митрески Христијан- бронза во категорија +45кг. кадети до 11 години;
– Јанески Антонио- бронза во категорија -40кг. кадети до 13 години;
– Митреска Христина- бронза во категорија -45 кг. кадети до 13 години;
– Спироска Емилија- бронза во категорија -50кг. кадети до 13 години;
– Климоски Миле- бронза во категорија -64кг. во сениорска конкуренција.

Taekvondo 2
Од Клубот велат дека се задоволни со освоените 9 медали (7 бронзени и 2 сребрени), но и потенцираат дека се оштетени од страна на судиите за две први места. Тоа со свои изјави го потврдиле и сите претставници на присутните клубови на натпреварувањето.
„HWA RANG ITF“ изразува голема благодарност до генералните покровители на клубот, „ПН МЕТАЛ“ и „НО.МА МЕТАЛ“ кои како и секогаш и овојпат застанаа зад нив и им помогнаа да бидат дел од овој престижен турнир.