ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ОХРИД ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

Општина Охрид, и оваа година во соработка со ОО на Црвен Крст, ќе се вклучи во акцијата Часот на планетата Земја. На 28.03.2015 година, во период од 20:30 – 21:30 часот ќе се исклучат светлата на следните локации: „Самоилова тврдина“; црква „Св. Јован Канео“; споменик „Св. Кирил и Методиј“.

Фотографиите од случувањето во Охрид ќе бидат испратени до WWF (World Wildlife Fund), организацијата со што градот Охрид ќе се вклучи во мрежата на светските градови кои ја поддржуваат оваа манифестација како Париз, Лондон, Виена, Сиднеј и многу други кои во рамки на акцијата го гаснат целото осветлување. Ова планетарно движење е поддржано од WWF и се спроведува во 154 држави во светот и е поддржано од повеќе светски метрополи.

Информации за Часот на планетата Земја, е глобално еколошко движење креирано од WWF, како една од првите кампањи креирана од луѓето за луѓето. Часот на планетата земја прераснува во симболичен настан кој се одбележува во многу градови и земји, поддржан од индивидуалци, бизнис организации и влади со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните.