ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДО КАТОЛИЧКИТЕ ВЕРНИЦИ

Градоначалникот Никола Бакрачески , по повод големиот празник Велигден,  упати честитка до граѓаните со католичка вероисповест.

-Најискрено Ви го честитам празнувањето на  најголемиот христијански празник Велигден, денот на Христовото Воскресение и Ви посакувам да го прославите во добро расположение,здравје, среќа и семејна хармонија. Во овие празнични денови исто така ви посакувам благосостојба, добра мисла и соживот на сите луѓе, без разлика на нивната етничка, религиозна или каква било друга припадност- стои во велигденската честитка на градоначалникот Никола Бакраческистои  до католичките верници.