По повод Велигденските празници ЈП Градски Пазар – Охрид, организира Велигденски саем.
Манифестацијата ќе се одржи на 09-ти и 10-ти април (четврток и петок), во големата хала на Градскиот Пазар.
Се очекува учество да земат повеќе производители на рачни ракотворби и кондиторски производи, како и пекари, цвеќари, основни училишта .
Саемот ќе има хуманитарен карактер и со собраните средства ќе се обезбедат пакети со производи што ќе бидат донирани на социјално ранливите семејства во Охрид.
Велигденскиот саем се одржува втора година по ред.