Работните тимови на општина Струга под надзор на градоначалникот Рамис Мерко , денеска на терен го асфалтираа главниот пат од населбата “Езерски лозја”.
Овој пат е дел од проектот за асфалтирање на нови патишта во градот Струга и околните села, кои се спроведуваат во континуитет. Реализирањето на ваквите инфраструктурни проекти го олеснува движењето на пешаците и возилата , со оглед на тоа што токму овој пат не ги исполнуваше нормалните услови за движење, соопштуваат од општина Струга.