На 23 јули, Црвен крст Струга во рамки на проектот ”Нега на стари лица во домашни услови во општина Струга”, финансиран од Министерство за труд и социјална политика и Светска Банка, со поддршка на Општина Струга реализираше свечено доделување сертификати на обучени негуватели за нега и грижа на стари лица во домашни услови во Општина Струга.
Како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, иницијални 60 корисници од Општина Струга ќе ја добиваат услугата помош и нега во домот од страна на 20 сертифицирани Негувател/ки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.За повеќе информации поврзани со услугата може да се обратите во просториите на Црвен крст Струга или на 046786014.Црвен крст Струга