СЕДУМТЕ ЧИНАРИ ОД ОХРИД ПРОГЛАСЕНИ ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ

На иницијатива на Општина Охрид  и по подготовка на целокупната документација од Одделението за заштита и влијание врз животната средина , неодамна   Владата на Република Северна Македонија ги прогласи седумте чинари  од  Охрид за природна реткост.

Согласно Решенијата на владата објавени во Службен весник на РСМ  бр. 141/21 од 24.06 2021 година за природни реткости се прогласени чинарите:  во близина на Здружението на пензионери;  во населба Воска;  единечното стебло Кочеџик  во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“;  пред зградата на Црвен Крст;  во Влашка Мала;  во населба Кошишта  и чинарот кој е во Централното градско подрачје.