Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вратија со златен и сребрен медал од 9-от меѓународен гастрономски натпревар во областа на угостителско- туристичка струка „ГАТУС 2021“, што се одржа во Златибор, Србија.
Учествуваа 11 екипи од сите поранешни југословенски републики, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Нашите тимови освоија златен медал во област готварство и сребрен медал за презентација на туристички аранжмани на тема рурален туризам.
Во тимот готварство беа: Николче Ангелевски, Даниел Бутракоски и Даниел Ѓорѓиев, со менторот Милена Илијевска, додека во тимот хотелско туристички техничар: Антонио Ивановски, Ерол Брзев и Матеј Николов со менторот Марија Ѓорѓиоска.