СВР Охрид поднесе кривична пријава против поранешен кандидат за градоначалник на Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Од СВР велат дека при претрес во станот каде престојувал осомничениот во Охрид, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис.
Инаку Република Македонија подолго време чека легализација на марихуаната, а додека ја чекаме се апсат оние кај кои ќе се пронајде истата.