Др.Игор Бимбилоски од Охрид нов член во Извршниот одбор на СДСМ

Професор Др. Игор Бимбилоски од вечерва е нов член на извршниот одбор на СДСМ.

Др. Игор Бимбилоски е истакнат Охриѓанец кој бил секретар на СДМ на Македонија и секретар на СДСМ Охрид , Претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, директор на Телелинк Албанија .

Во највисокото партиско тело на СДСМ во извршниот одбор се :

1. Ана Данева Маркова, докторка од Клиниката за гинекологија.

2. Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн.

3. Нина Фити Неделковска, економски екперт со долгогодишно искуство во банкарството, домашно и меѓународно,

4. Снежана Захариева, доктор-специјалист по анестезиологија, дикреторка на Болницата во Куманово.

5. Даниела Колева актуелна пратеничка во Собранието, професорка по математика.

6. Милена Стефановиќ, доктор – инфектолог, директорка на Инфективна клиника.

7. Костадин Костадинов, економист и градоначалник на Струмица.

8. Рената Јајоска, советничка во Град Скопје, потпретседателка на Младите европски социјалисти.

9. Мелиса ЦеновскаСерафимовска, дипломиран економист.

10. Петре Шилегов, адвокат, поранешен градоначалник на Град Скопје.

11. Дритан Исмаили, магистар по јавно здравје.

12. Тања Томиќ, експерт по јавни политики.

13. Дарко Каевски, пратеник на СДСМ, поранешен претседател на СДММ.

14. Андреј Петров – поранешен генерален секретар на СДСМ, дерматолог, доцент и вонреден професор.

15. Ивона Кузмановиќ, советничка во Советот на општина Прилеп.

16. Костадин Ацевски, дипломиран инженер по електротехника.

17. Никола Рилак, поранешен потпретседател на СДММ.