радоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески, министерот за транспорт и врски , Владо Мисајлоски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиноски, со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска беа на терен кај Технолошко Индустриската развојна зона- Струга.
Целта на посетата беше да се констатира во каква состојба се коритата на реките Рибница и Сатеска при што беше заклучено дека неопходно е чистење и пробивање на речните канали со цел да не се повторат поплавите кои на опфатот ТИРЗ –Струга беа карактеристични пред неколку месеци.