Согласно Јавниот оглас за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги кој во рамките на програмата за обезбедување на социјална заштита на граѓаните од средствата на буџетот на општината, го објавува Општина Охрид, ЈП “Градски Гробишта” Охрид ги повикува сите граѓани од категоријата опфатена со огласот (70% степен на инвалидитет или тешка болест), а кои поседуваат гробно место и кои се во обврска за плаќање на такса за гробарина, во рокот наведен во огласот (до 15.07) да поднесат барање за субвенција – покривање на трошоци за плаќање на гробна такса – гробарина до општина Охрид.
За условите, роковите и начинот на пријавување граѓаните од категоријата опфатена со огласот може да се информираат на следниот линк: http://ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=5025
ЈП Градски Гробишта
Директор
Дипл. инг.Симоноски Зоран