По повод Европската недела на мобилност, која оваа година се одржува под мотото „Избери,промени,комбинирај“, Општина Охрид 22септември го прогласи за Ден без автомобили. Одбележувањето на Денот без автомобили започна во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид.