ГРАДОТ ОХРИД ПРЕТСТАВЕН ПРЕД ИТАЛИЈАНСКИ ТУР-ОПЕРАТОРИ

Вчера-вечер, во хотел Ривиера во организација на Секторот за ТЛЕР и неколку истакнати охридски хотелиери, градоначалникот Бакрачески имаше работна вечера со претставници на италијански тур-оператори и туристички агенции и гости, кои претстојуваат во Охрид. Оваа иницијатива е резултат на повеќегодишната соработка на хотелот Гранит со италијанскиот партнер а тоа претставува можност за успешна презентација на Охрид на туристичкиот пазар во Италија и привлекување на повеќе гости од оваа медитеранска земја

turoperatori_italija_400

Пред гостите од Италија преку видео презентација беа претставени туристичките потенцијали на нашиот град и поволностите што Република Македонија ги дава на потенцијалните партнери во привлекувањето на странски туристи.

turoperatori_italija_4002

Италијанските туристички работници истакнаа дека Македонија и Охрид, за просечниот италијански турист е дестинација која се уште се открива. Според нив, туристичките вредности што ги поседува Македонија и Охрид, заслужуват поголемо внимание и ја искажаа својата увереност дека во иднина туристите од Италија значително ќе го зголемат своето присуство во Охрид.