Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во улога на домаќин ги поздрави учесниците на „Заедничкиот консултативен комитет помеѓу ЕУ и Република Македонија“ што денес се одржува во Охрид а во организација на Регионалниот комитет на Европската Унија и Заедницата на Единиците на Локална Самоуправа
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, во улога на ко- претседавач на Заедничкиот консултативен комитет СЕ заблагодари на општина Охрид за логистичката поддршка околу реализација на средбата, истакна дека локалните финансии се главна тема на дискусија на овој работен состанок.
Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски ,кој е и претседател на Заедницата на Единиците на Локална Самоуправа се осврна на важноста од децентрализација на власта и на значењето и улогата на Заедницата на Единиците на Локална Самоуправа. Градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, подвлече дека во сите општини во Република Македонија има напредок во однос на градење и подобрување на инфраструктурата.
Пред присутнте на „Заедничкиот консултативен комитет“ помеѓу ЕУ и Република Македонија што годинава се одржува по 12 пат, свое обраќање имаа и Заменик министерот за локална самоуправа на Р. Македонија, Љупчо Пренџов, ко- претседавачот на ЗКК од Белгија, Жан Франсоа Истасе, градоначалниците на Гевгелија и општина Боговиње, Иван Франгов, и Хазби Идризи.