ОБЈАВЕН НАЈНОВИОТ ТРУД НА ПАНДЕВ И Ѓ. ДИМОСКИ „ОХРИДСКИ ПОЕТИ“

Во рамки на годинашните „Прличеви беседи“ ќе биде промовирана книгата „Охридски поети“ од  авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо  Димоски, а во издание на Општина Охрид.

Во овој труд на 250  страници се сместени стихови и песни на познати охридски поети кои остануваат поврзани со охридското поднебје, но и пошироко со македонската , словенската, балканската,  медитеранската, европската и светската поезија.

Најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо Димоски „Охридски Поети“ е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ што ја издаде  Општина Охрид, а одговорен уредник е Митре Велјаноски. Покрај оваа во едицијата се вбројуваат: „Дојди во Охрид“ 2018,  „Антологија на ловорот“, 2020, „Книга за Чинго“, 2021, „Охридски раскажувачи“, 2022, „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, 2022, „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“, 2022, „Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски“,  „Охридскиот 19 век“, 2023, „Охридски поети“ ,2023, „Отворено за македонистиката Книга Прва“.