Втората фаза на проектот „е-ENGAGEMENT“ ќе се одржи денеска во Струга . Работилницата е организирана од страна на Младински Сојуз со поддршка на фондацијата е-Македонија, заедно со локалните партнери од Струга, Еврофорум.
Проектот има за цел да ги промовира предностите и придобивките од информатичките и комуникациските технологии помеѓу младите луѓе со посебен акцент на агажманот во информатичкото општество.
– “Минатата есен организиравме четири успешни работилници во четири градови низ Македонија, овој пат организираме 12 еднодневни работилници во 12 градови (Гостивар, Кавадарци, Куманово, Крушево, Струга, Вевчани, Струмица, Гевгелија, Св. Николе, Делчево, Кратово и Штип), со иста главна цел, односно, зајакнување и охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив. На секоја од овие работилници ќе земат учество по 100 млади луѓе кои ќе се стекнат со социјални, дигитални и јазични вештини. Проектот ќе резултира со завршна конференција во Скопје, во првата половина на декември, на која ќе учествуваат најмотивираните и најактивните млади и таа треба да резултира со заклучоци и препораки директно од младите луѓе, “ – информираат организаторите.
Со младите ќе работи тим на експерти од апект на дигитални и социјални вештини, кои ќе ги фацилитираат младите да научат како да дојдат до вистинските информации, да формираат мислење, да ги изразат своите сопствени ставови како и да придонесат за позитивни промени во општеството без разлика дали дејствуваат во нивно лично име, преку училиште или преку одредена младинска група.