ВЕЛИГДЕНСКИ УКРАСИ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Денеска на плоштадот Свети Климент Охридски  бше поставено великденско украсно јајце со  христијанскиот поздрав Христос Воскресе, две дрвени клупи и други реквизити  наменети за најмладите .

Украсите  се дело на академскиоит  скулптор Зорица Азеска Спасеска, професорка по ликовно образование во  ООУ Ванчо Николески од Лескоец.

Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе  го красат градот за време на Велигденските празници. Целта е секој кој ќе се фотографира пред наведените украси со себе да понесе фотографија  – спомен на нашиот Ерусалим на Балканот.

Општина Охрид во соработка со ЈП Градски Пазар во духот на Велигден и оваа година ќе го организира велигденскиот базар. Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници I производители на охридски и македонски традиционални јадења.

Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани.