Во организација на локалната самоуправаи ЈП „Градски пазар“, денес на плоштадот кај Чинарот, се одржа традиционалниот велигдески базар. Со учество на повеќе фирми и занаетчии на штандовите беа изложени велигденски украси и сувенири, а граѓаните имаа можност да пробаат и дел од традиционалните македонски специјалитети. Собраните средства ќе бидат доделени во хуманитарни цели.
Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма на која настапија КУД „Ѓердан“, „Ѓердан од бисери“, „Отекс“, „Фаланга“ и „Филиграни“.