– Акција кабаст и зелен отпад опфат Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и Охридати 17.05.2024 год.-петок
Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 17.05.2024 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од реонот опфатен со границите на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и населба Охридати
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.05.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот
‼️Отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад