Општина Охрид објавува Конкурс за избор на идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.
Целта на логото е со низа на културни и спортски настани да се одбележи јубилејот 80 години слободен Охрид.
Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири – комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид.
Сите знаедно под плаво белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7 ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.
По повод големиот Јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7.11.2024 година на самиот роденден на Охрид.