ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 23 мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Општина Охрид.

– Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа упатувам срдечни честитки по повод 23 мај – Националниот ден на Власите со желби за добро здравје, среќа и успех.

На овој празник се потсетуваме на богатата култура и традиции на влашкиот народ. Вашиот придонес во општеството е од непроценливо значење и е нераскинлив дел од Македонската историја.
Современиот свет се соочува со бројни предизвици, па затоа на нас како заедница ни е важно да ги негуваме мултиетничките вредности, единството и меѓусебната поддршка. Само преку взаемна соработка можеме да изградиме подобра и посветла иднина за нас и нашите деца, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.