Санкции за 14 моторциклисти кои возеле без кацига

На 26.05.2024 од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 14 мотоциклисти, кои управувале мотоцикли без заштитна кацига (Охрид-09, Струга-01, Кичево-03, Дебар-01).

Апелираме до возачите на мотори и моторцикли, заради личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до законската обврска за задолжително носење заштитна кацига и друга заштитна опрема при управување со моторите, моторциклите и четирициклите.