Пецаков: По повод 30. Мај, Светскиот ден на лица со Мултипла склероза упатувам јавна поддршка до сите наши сограѓани кои се борат со ваков животен предизвик

Како чинители и членови во една општествена заедница треба да се обединиме и да ја подигнеме јавната свест за Мултипла склерозата. Тоа ќе ни овозможи да поттикнеме помош и решенија за лицата кои се засегнати од оваа состојба.
Исто така оваа наша поддршка е важен извор на мотивација за лицата кои веќе ја имаат дијагнозата и значаен фактор за подигнување на нивото за рано откривање на болеста.
Важно е да знаеме:
• Мултипла склерозата е хронична, прогресивна, воспалителна, дегенеративна болест на централниот нервен систем и една од најчестите причини за инвалидитет кај младата работоспособна популација
• Симптоми на мултипла склероза: заматен вид, двојни слики, слабост и отежнато движење, нарушување на рамнотежата и вртоглавица, проблеми со говор и голтање, когнитивни и емотивни нарушувања и многу други
• Во Република Македонија живеат повеќе од 1500 лица со мултипла склероза, а секоја година се дијагностицираат околу 90 – 120 нови лица
• Повеќето лица со мултипла склероза се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 годишна возраст, односно во најпродуктивните години од животот.
Заедно сме посилни, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.