Во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ за прв пат започна со работа сензорна соба. Станува збор за посебно опремена просторија за деца со потешкотии во развојот.
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска заедно со менаџерскиот тим на градинката разговараше за важноста на оваа просторија во воспитно образовниот процес на најмладите кои имаат потреба од посебен третман и внимание.
Сензорната соба на децата со потешкотии во интеграцијата им овозможува услови да истражуваат, учат, стекнуваат искуства кои се важни за нивниот понатамошен раст и развој. Бенефитите од ваква соба и сензорна интеграција се многубројни.
Сензорната соба е реализирана во соработка со охридската општествено одговорна компанија „АСП ПАК“ .
Дополнително во објектот „Развигорче“ согласно програмите за работа на Општина Охрид предвидени се уште неколку проекти кои ќе бидат реализирани во наредниот период.