Конференција „Единство во различноста“
Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на Советот на град Охрид , Гордана Коњаноска учествуваат на меѓународна конференција „Единство во различноста“ што од вчера до 8 ноември се одржува во Фиренца – Италија.
Целта на овој меѓународен настан е да се изгради мрежа што ќе се фокусира на спасување на културното наследство и идентитетот во различни области погодени од војни, политички или економски кризи.
На трибината во домот при градското собрание во Фиренца ,каде бројни претставници од меѓународната политичка сцена разменуваат искуства и ставови за критички прашања, градоначалникот Бакрачески истакна дека нашава земја е идеален склоп на етнички, национални и верски различности. Земјава е колевка на меѓусебната толеранција и разбирање на сите граѓани на Македонија.
Јас сум градоначалник на Охрид, најпрепознатливиот историски, културен, духовен и туристички бренд во Македонија, кој се наоѓа во јужниот дел на западната страна на Македонија, со прекрасното Охридско Езеро, кое заедно со градот Охрид се признати од страна на УНЕСКО. Место каде што многу цивилизации оставиле траги низ вековите. Охрид е космополитски град со различни етнички групи, култури, традиции и религии. Охрид уште се нарекува Ерусалим на Балканот, кој е и домот на Албанци, Турци, Роми, Срби, Босанци, Власи, Египќани.
Речиси сите етнички групи, како никаде на друго место се застапени во Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и институциите, тие имаат свои претставници во министерствата, заменик-министри, директори и други органи. Тие се претставени со нивни политички партии, со нивни бизнис, културни, спортски здруженија, со невладини организации, а различните јазици се застапени во медиумите, во јавните и приватни служби.
Но ние велиме: Во Република Македонија, различни заедници зборуваат ист јазик, а тоа е јазикот на почитување, разбирање и толеранција. Соживотот меѓу различните групи е нашата традиција и нашата судбина. Тие се вклучени во секоја пора на животот.
На пример, јас сум пораснат и се уште живеам во соседството во кое моите први соседи и добри пријатели се Роми, Албанци и Турци. Затоа никогаш не е досадно, бидејќи ние пораснавме заедно. Заеднички се прославувањата за Божиќ, Велигден, Рамазан и Курбан Бајрам.
Пред 30 години, дел од населението кое се препознаваше како Роми, денес се признава како Египќани, Но, тогаш Македонците им пружиле рака, за да се задржи и да се промовира нивната разновидност и нивната уникатност.
Денес оваа етничка група има свои политички партии, невладини организации, медиуми и друго. Тие имаат подобар пристап до сите владини и локални институции, нивните барања се презентирани и дискутирани на највисоко ниво, а во исто време тие се силно поддржани од Општина Охрид во нивните политички, социјални и културни активности, тие се присутни во секој дел од општеството како наши колеги и наши пријатели.
Во овој контекст, континуираниот развој на локалната демократија и почитување на различноста мора да биде мотото и во нашиот начин на живеење, во исто време.
На пример, вчера во основното училиште во Охрид, со име “Братство и единство”, професорите кои се Македонци, Албанци, Турци, Роми и Египќани подготвија десерт од стар турски рецепт наречен Ашуре, а потоа сите заедно уживаа во негова дегустација.
Посакувам да уживате во вашиот престој овде, во прекрасната Фиренца и сите вие сте поканети да го посетите Охрид и да го почувствувате духот на различностите и секако д ја вкусете македонската традиционална храна – истакна градоначалникот Бакрачески.
На настанот учествуваат принцезата на Јордан, нејзиното Височество, Хаја Бинг Хусеин, Генералниот секретар на УНЕСКО, Антонио Гутерес , претставници од Генералниот секретаријат на ОН и други личности од светската политичка сцена. Во текот на тридневната конференција на теми за значењето на мирот наспроти војната и конфликтите ќе зборуваат и градоначалници и останати претставници на градови кои поминале во услови на нестабилност од повеќе европски земји. На овој голем меѓународен настан ќе се потенцира значењето на мирот,наспроти сите војни и политички кризи.