ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „7-МИ НОЕМВРИ“

Се известуваат сите учесници во сообраќајот, дека поради изведување на градежни работи на улицата „7-ми Ноември“ во деновите 04.07.2024 година (четврток), 05.07.2024 (петок), 06.07.2024 (сабота) ќе се воведе времен режим на сообраќај со затворање на улицата во три фази.

-Прва фаза од кружен тек пред ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до крстосница со улица „Питу Гули“ (Бензинска пумпа).

-Втора фаза од крстосница со улица „Питу Гули“ до крстосница со улица „Васил Главинов“.

-Трета фаза од крстосница со улица „Васил Главинов“ до крстосница со улица „Егејска“.

За време на затворањето на улицата, сообраќајот ќе се насочува по други алтернативни улици.

Се упатува молба до учесниците во сообраќајот во наредниот период да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и доколку постои можност да го избегнуваат за сообраќај овој дел на градот.