На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.