20 СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИ НАСТАНИ ВО РАМКИ НА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WATER FESTIVAL

Од 23-ти до 31-ви август 2024 година во Охрид ќе се организира второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.

Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.

Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација на 20 спортски настани.

Повеќе информации на официјалната веб-страница на фестивалот: www.ohridwaterfestival.mk