ДЕТСКИОТ ХЕПЕНИНГ ДОНЕСЕ НЕЗАБОРАВНА ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

музички проект.

Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа сакам да се заблагодарам на сите учесници и сите кои беа вклучени во целокупната организација.

Драги дечиња, ова е ваш ден, вие сте главна улога на оваа денешната манифестација! Насмејте се, играјте, пејте и уживајте во сите активности кои ги подготвивме за вас. Нека музиката, уметноста и пишаниот збор бидат ваши водилки во безгрижно детство! Бидете живи, здрави и гордост за вашите најблиски!, истакна Крстеска во своето обраќање.

На отворениот простор на плоштадот присутните имаа можност да ја погледнат изложбата „Низ детските очи“ од охридската сликарска школа „Пробај уметност”, реализирана од Здружението „Тактус“ од Охрид.

На плоштадот беа поставени и штафелаи на кои децата сликаа на слободна тема.