ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ ОД СОСУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

непрекинатата река, наречена „живот“, во никој случај нема да биде лесна, но верувајте дека само од вас ќе зависи дали ќе ги остварите вашите желби и  мечти. Секое искуство и тоа како ќе ви послужи во понатамошниот пат што полесно да ги решавате сите предизвици.

Спомените кои ќе ги носите од средношколските денови секогаш ќе останат со вас. Тие се едни од најубавите. Дури и во подоцнежниот период од вашите животи, со нескриена радост ќе ги раскажувате случките од средношколските клупи. Но, пред вас се и студентските денови, професионалното вработување, формирање на семејство и сите радости и предизвици кои го сочинуваат животниот пат.

Она што е најважно: Секогаш бидете свои, со  позитивна енергија, нескршлива морална вертикала во вашите постапки и константна професионална посветеност. Тоа е клучот на успехот за Вас, тоа е гарантот за извесната среќна иднината на нашето општество – истакна во своето обраќање Настоска Николоска.