ВТОРО ИЗДАНИЕ НА ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД

Балканскиот фестивал на  песни и игри, Охридско Лето, Охридски хорски фестивал и мнозината помали  секојдневни фестивали  редот дојде на нешто поретко, невообичаено и уникатно. Џез фестивалот ја освежи културната слика на градов донесе Несекојдневни гости вљубеници на овој стил на музика кои вечерва ќе уживаат во прекрасните звуци на Даутовски, а утревечер во музикта на реномираното трио  Наташа Миха- вокал, Дамир  Имери- пијано и Иван Бежов –бас.

Ваква културна содржина му беше повеќе од потребна на нашиов град затоа и во иднина ќе продолжиме да го организираме  овој фестивал со очекуваање да добие традиционален карактер и да биде привлечен за бројни посетители од земјава и странство.

На крај посакувам да имате прекрасна и незаборавна вечер со џез музика, а ние се гледаме живи, здрави и побројни до година –подвлече Крстеска.

Вечерва  ќе настапи триото  Миха. Наташа Миха- вокал,  Дамир Имери –пијано и Иван Бежов –бас. Џез фестивалот се организира втора година по ред, а влезот за фестивалските ноќи е слободен.