ПРЕТСТАВЕНИ УЧЕСНИЦИТЕ НА 37. ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

вистинската моќ доаѓа од подготвеноста да се натпреварувате сами со себе.“ Драги маратонци, ви посакувам да имате голема верба во сопствените квалитети и самоуверено да ги остварите вашите спортски цели.

Оваа можност сакам да ја искористам и да упатам особена благодарност до сите оние кои се вклучени во организацијата и кои го поддржаа овогодинешното издание на пливачкиот маратон. Вашата општествена одговорност е доказ дека само низ заедничка соработка може да се постигне посакуван успех. 

Општина Охрид останува неуморно посветена на поддршката на спортот и развојот на нашиот град како светска спортска дестинација. Нашето вложување во спортските настани ја потврдува нашата визија и верба во огромните потенцијали на регионот, особено за водените спортови.

Доказ за тоа е успехот на Ohrid Water Festival, кој оваа година, покрај Охридскиот пливачки маратон,  вклучи уште 19 спортски настани на вода и богата социјално-едукативна програма. Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе биде препознатлив белег за Охрид и Македонија.

Посакувам да имаме успешно издание на Охридскиот пливачки маратон, мирно езеро, погодни временски услови и врвни резултати за маратонците, истакна Пецаков во своето обраќање.

Во рамки на настанот беше доделена спортската награда „Климе Савин“ , која оваа година му беше врачена на реномираната македонска пливачка Теодора Раптис за посебен придонес и афирмација на Охридскиот пливачки маратон.