ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ СПОРТИСТИ

Во организација на Сојузот на спортови и Локалната самоуправа, денеска на посебна свеченост, на најуспешните спортисти во 2015 година им беа доделени признанија.На свеченоста на градоначалникот Никола Бакрачески, за посебен придонес во развојот на спортот, Сојузот на спортови му врачи посебно признание.

-Ми причинува особено задоволство што денеска сум со Вас, добитниците на наградите за најуспешни спортисти, клубови и спортски работници и  упатувам искрена благодарност за признанието кое ми го додели Сојузот на спортови од Охрид.Ние како одговорна локална власт во изминативе речиси три години во рамките на можностите го поддржувавме спортот и Ве уверувам дека тоа ќе го правиме и во иднина- рече градоначалникот Никола Бакрачески.

На свеченоста, претседателот на Сојузот на спортови Коста Карадимче, рече дека ги поздравува успесите на сите спортски клубови и поединци кои постигнале врвни резултати и дека очекува со поголема поддршка кон спортот резултатите ќе бидат уште поголеми.
Признанија за најперспективни млади спортисти во фудбал добија Мартин Ѓоргиевски, Виктор Наумоски и Ѓоко Бешироски, а за останатите спортови Наум Костов, Илија Рупев, Мартина Петровска, Мартин Патчев, Артан Алиу, Христијан Чолески и Горан Вранишкоски. Признанија за најуспешни спортисти по одделни спортови добија Туран Абдула, Петар Николоски и Васко Попоски.

За најуспешен спортски клуб, признание доби Ракометниот клуб „ Охрид 2013“ , за најуспешен тренер Горан Андоновски, за најуспеше спортист Иван Тасески, а за најуспешна спортистка Мартина Мироска.Ацо Гаврилоски беше добитник на наградата за животно дело, а во другите категории признанија добија  Димитар Камнароски, Филип Василески, ЈП „ Билјанини извори“ и Наум Јанкуловски.