Вчера во 02.00 часот во СВР Охрид, лице од приватно обезбедување пријавило дека непознато машко лице по улицата „Димитар Влахов“ вршело оштетување на реклама и стакло.
Двајца полициски службеници излегле на местото на настанот и ги забележале лицата Љ.Ѓ. (57) кој бил со шипка во раката и Ѓ.Ѓ. (27). Кога полициските службеници се доближиле до двете лица истите ги турнале и физички ги нападнале. По кратко време Ѓ.Ѓ. бил совладан, додека Љ.Ѓ. успеал да избега. Од страна на службените лица Ѓ.Ѓ. најпрвин бил однесен во медицински центар Охрид , бидејќи се здобил со повреди при вршење на оштетувањата. Таму му е укажана лекарска помош. По укажаната помош Ѓ.Ѓ. бил задржан во ПС, додека Љ.Ѓ. самоиницијативно се пријавил во СВР Oхрид. Направен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.