СЕ ЧИСТИ КАНАЛИЗАЦИОНАТА И АТМОСФЕРСКАТА МРЕЖА НА УЛ. 15 КОРПУС

Одделението за одржување на канализационата и атмосферската мрежа при Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска врши чистење на сливници, шахти и цевоводи долж улицата „15 Корпус“. Јавното претпријатие продолжува континуирано да ги извршува своите активности и решавање на проблемите на граѓаните во градот и околината.