МАТУРАНТИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ

Денеска започна екстерното тестирање за матурантите кое ќе трае се` до 29- ти јануари.
Екстерното тестирање ќе го полагаат 19.931 матуранти – според податоците од Државниот испитен центар.
Сите пријаветни матуранти ќе полагаат тестови по два предмети, а предметите за кои ќе бидат тестирани го дознаваат три дена пред денот на полагањето.

Од Државниот испитен центар изјавуваат дека прелиминарните резултати се очекуваат на 8 февруари. Незадоволните матуранти ќе имаат право да поднесат приговор до 10 февруари.

School-pupils-students-in-006