Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден за заштита на животната средина во соработка со основните и средните училишта од Охрид организира акција за собирање на стара хартија. Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 08јуни (среда) 2016г. од 8 до 15 часот.
Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија, тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата.Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.