ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА БОЛНИЧКИОТ КОМПЛЕКС „СВ. ЕРАЗМО“

Неколкучасовната обиколка на градоначалникот Бакрачески на  неколкуте локации каде интензивно се работи заврши со посета на специјалната болница за ортопедија и трауматологија„ Св Еразмо“ каде  во поодмината фаза е  реконструкцијата и адаптацијата на болничкиот комплекс . Во него ќе бидат сместени Одделите за  ортопедија, трауматологија и комплексот за  кардиоваскуларни заболувања. Реконстукцијата се одвива според предвидениот план и динамика.  За седум месечниот период  откако се започна со работа е направено многу.Се уредуваат болничките соби, операционите сали, амбулантите и лабараторијата, а набавена е и нова опрема. Истовремено се изведуваат градежните работи во делот во кој ќе биде сместен Заводот за кардиологија. Изведувач на градежните активности е градежната компанија  „ВИА Вевчани“ од Вевчани.

Комплетната реконструкција ќе опфати површина од вкупно 5.623 метри квадратни .
Градежните активности се очекува да завршат во април 2017  како што беше предвидено.