ЈАВЕН ОГЛАС
За вршење на дополнителен сезонски превоз на патници
1.Превозниците кои конкурираат на овај јавен оглас треба да ги исполнат следните услови:
1.1 да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај,
1.2 да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има соодветен договор за лизинг или закуп. Возилата да ги исполнуваат посебните техничко- експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз;
1.3 да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (автобус/минибус/комби , ) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
1.4 управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и
1.5 да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.
1.6 Согласно член 18 од Законот за превоз во патниот сообраќај на РМ, превозниците кои аплицираат на јавниот повик мора да поседуваат лиценца за вршење на општински линиски превоз
2. За докажување на бараните услови превозникот доставува.
2.1 фотокопиоја од ДРД образец издаден од централен регистар на Р.М, уредно потврден со печат и потпис од превозникот не постар од 6 месеци
2.2 фотокопија од сообраќајна дозвола или фотокопија од договор за лизинг или закуп и потврда за исполнување на техничко експлоатационите услови издадаена од овластена институција,
2.3 фотокопија од м1/м2 образец за вработен возач на возило со соодветна категорија не постар од 60 дена,
2.4 фотокопија од сертификат за професионална компетентност,
2.5 потврда од надлежна институција дека против превозникот не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.
2.6 фотокопија од важечка лиценца за вршење на општински линиски превоз
3. Посебни услови кои ке се применуваат:
-Превозот мора да го врши само со едно возило при поаѓање.
-Секој превозник може да аплицира на секоја од понудени пакет линии а да добие само една пакет линија. По добивање на една пакет линија превозникот нема да биде поканет за учество за пакетите кои следат. За пакетите во кои ке се јави како понудувач само еден превозник нема да се спроведе аукција и пакетот ке му биде доделен по првично понудената цена под услов понудата да не биде помала од 2000.00 ден согласно Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена на седницата на Совет одржана на ден 11.06.2015 година.
– Дополнителниот сезонски превоз ке се извршува од 10.07.2016 год до 31.08.2016 год. согласно Одлуката на совет на Општина Охрид.
Пакетите на дополнителен сезонски превоз ќе му бидат доделени на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од јавниот оглас, понудил највисока цена за користење на автобуски постојки за реализација на пакетот на линии и потпишал изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид.
Почетна и крајна станица за влегување/слегување на патници ќе биде Автобуска станица-Охрид
4. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:
– Образецот на понудите и пакет линиите кои се предмет на огласот може да се подигнат секој работен ден во просториите на одделението за сообраќај и улици при Општина Охрид од 08:00 до15:00 часот.
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
-е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
-го содржи бројот на огласот, делот за кој аплицира
-во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:
,, Не отворај” ЈАВЕН ОГЛАС
За пакет линија бр:
До
Општина Охрид
ул. ,,Димитар Влахов” бр.57
Понудата за добивање на дозвола за вршење на дополнителниот линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:
– Полн назив, седиште и адреса на превозникот;
– Матичен број и адреса на превознокот;
– Пополнет образец на понуда;
– Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од точка 1 (еден) од јавниот оглас;
– Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници).
5. Рок за доставување на понуди
Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите во затворени коверти со назнака за Јавен оглас за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници во Општина Охрид најдоцна до 30.06.2016 година до 13:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за спроведување на јавен оглас, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид или во архивата на Општина Охрид.
Отворањето на понудите ќе се изврши јавно на ден 30.06.2016 година во 13:00 часот.
Изјава дополнителен сезонски превоз
Пакет линии-сезонски превоз нов
ОПШТИНА ОХРИД
Комисија за спроведување на јавен оглас
ИСПРАВКА НА ОГЛАСОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛЕН СЕЗОНСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ Во објавениот оглас за доделување на пакет линии за дополнителен сезонски превоз се вршат следните измени: -текстот од точка 2, потточка 2.3 кој гласи:,, фотокопија од м1/м2 образец за вработен возач на возило со соодветна категорија не постар од 60 дена,, СЕ БРИШЕ и се додава НОВ ТЕКСТ кој гласи:
,,Список на вработени возачи издаден од Агенцијата за вработување не постар од 6(шест) месеци.,,
Комисија за спроведување на огласот