БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ – ЗАБРАНЕТИ ЗА ПИЕЊЕ

По  повеќето спроведени контроли на водите на Билјанините извори, се покажале резултати кои предупредуваат на  присуството на бактерии во водата кои се  опасни по здравјето на луѓето.

Утринава , беше поставена табла со натпис којa ги предупредува охриѓани дека водата од овие извори е штетна за консумирање, со што би се  спречиле одредени  несакани здравствени дејствија од пиењето на истата.

Директорот на МЈП „Проаква“ РЕ Водовод – ,  Томе Паскалоски  појасни дека водата од Билјанини извори периодично е неисправна за употреба, додавајќи дека не значи дека по извесен период нема да биде исправна и дека поставената табла за предупредување тогаш ќе биде отстранета.

-“Треба да има три последователни анализи кои не одговараат на правилникот за вода па ние да реагираме и да поставиме табла за предупредување иако тоа не е наша обврска. Во координација со локалната самоуправа се постави таа табла после третата анализа. Таа вода од преливот кај Билјанини извори во моментов не е за пиење, додека водата од градскиот водовод редовно се хлорира и таа е исправна за употреба” .-нагласи Паскалоски.

Untitled

Во однос на причините кои довеле до ова загадување на водата Паскалоски нагласи :

“Можеби тоа се должи на дренирање на некои води од бачилата кои се наоѓаат на потегот над Хидробиолошки завод и натаму. Имаше разни анализи и толкувања, меѓутоа експертите треба да се произнесат, затоа ние во моментов поставивме табла дека преливната вода од Билјанини извори не е за пиење. Дел од селските средини не сакаат ЈП Водовод да стопанисува со локалните водоводи за да може населението и понатаму да ја користи водата без надомест и контрола за наводнување на земјоделските површини.  “

Тој додава дека ЈП Водовод и покрај тоа им помага на месните заедници во санирањето на неисправните пумпи за хлорирање и дека такви интервенции во изминатиот период се направени во повеќе охридски села. Неодамна била остварена и средба со претставници од месните заеници на која се разговарало за проблемот со одржување на локалните водоводи, но засега не постои правен механизам со кој одговорните во селата, во случајов месните заедници, ќе се задолжат да водат поголема грижа, односно редовно да вршат хлорирање на селските водоводи и да го евидентираат тоа