ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА 8-МИ СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 8-ми Септември,  Денот на независноста на Репуика  Македонија.

– Овој исторуски датум е важен за сите денешни но и идни генерации, ден кога се остварија долгогодишните желби и стремежи на македонците за суверена и независна држава, да бидеме свои на своето. Празникот претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу  претходни генерации кои живееа со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму. 

Ако пред 33 години  сонот на нашите татковци и мајки  била независна Македонија, нашиот сон  е економски стабилна и напредна држава, единствена, почитувана и меѓународно признаена. Секоја индивидуа посакува подобра иднина за себе, но најважно од се е идејата за заедничка иднина. Идејата дека само сплотени и единствени  можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна Македонија.

Нека е честит  8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија! Нека е благословена и вечна нашата убава татковина.