Злоупотреби на плати и надоместоци во здравствените установи биле констатирани со години наназад, но никој не реагирал, и сега со вонредните контроли утврдивме такви состојби, рече вчера во Дневникот на ТВ Сител го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, зборувајќи дека првите месеци откако е на чело на оваа институција ги поминува во средби со раководствата на здравствените установи, но и на сите чинители во здравствениот сектор, како и дека е утврдена ситуација на големи долгови и злоупотреби.
Директор користел патни трошоци од речиси 500 илјади денари во 10 месеци за што нема никаков документ. Друг директор си ја зголемил платата за 400 илјади денари за една година, за што нема никаква законска основа. Во Центар за јавно здравје се исплаќале плати врз основа на колективен договор што не постои, значи се давале измислени плати, вели Клековски.
повеќе на: